Адријана Лима со новото момче Метин Хара на одмор во Турција

Убавата Адријана Лима по нејзиниот семеен одмор во Будва, ужива во вилата за одмор во Турција, заедно со новото момче турскиот писател Метин Хара.

Последниот месец Лима се забавува со 35-годишниот автор, а новото момче на бразилската убавица неодамна го потврди тоа, нарекувајќи ја негова „сродна душа“.

„Ја запознав Адријана во Истанбул, на 11-ти јуни. Сфативме дека имаме чувства еден за друг и двајцата сѐ уште се запознаваме еден со друг.“ – изјави тој.

Адријана Лима

Новиот пар пристигна на аеродромот во Турција држејќи се за рака, а забележани се и на заеднички доручек како се бакнуваат.

Адријана Лима

Адријана Лима