Адријана Лима ги здрма социјалните мрежи!

Адријана Лима ги здрма социјалните мрежи!

Ангелот на Victoria’s Secret, Адријана Лима,  пред 5 месеци започна врска со турскиот писател Метин Хара.

Таа на својот Instagram профил постави заедничка слика од нив и му посвети емотивна порака со кои покрена лавина сомневања околу врската.

❤️Exactly today 5 months ago I️ met/chose love❤️ The beginning of a new beginning ❤️

A post shared by Adriana Lima (@adrianalima) on

-Точно пред 5 месеци го запознав него и ја одбрав љубовта. Почеток на новиот почеток, напиша супермоделот, а дел од нејзините фанови ја запрашаа дали со овој потег најавува свадба.

Од друга страна, Метин Хара исто така објави слика од својата поубава половина, а текстот под неа наговестува дека фановите на Лима се во право.

-Во бесконечниот мрачен универзум, моја клетва е да бидам дете кое се плаши од ноќта. Во моментот кога ги здогледав твоите очи, одлучив да се борам со бесконечната празнина. Додека мирно спиеш љубов моја, јас ќе се борам со секој кошмар кој ти го имаш. Додека се разбудиш во мир, додека ние станеме семејство, напиша тој на сликата од моделот која ја стави на својот Instagram профил.