Адел со таен Твитер профил

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 17.03.2017 - 18:22

Адел и откри на публиката дека има таен Твитер профил, од кој може да каже баш се што ќе и падне на памет.

Пејачката најпрво призна дека поради поранешни грешки и пишувања на недолични работи одземена и е привилегијата да твитува, а потоа додаде: "Тие не знаат дека имам Твитер, ама сега сепак знаат бидејќи премногу зборувам. А под ТИЕ, мислам на мојот менаџмент", кажа 28-годишната британска ѕвезда. "Често знаев да напишам или кажам нешто погрешно, па поради тоа ми го одзедоја правото да користам Твитер", додаде таа.

Адел во 2015 година во едно интервју објасни дека одбегнува да пишува коментари на овој налог додека е пијана, меѓутоа порано кога се појавил Твитер многу често го правела тоа. "Тоа што ќе го напишам мора да go контролираат и одобрат. Но сепак тоа се мои зборови. Јас самата ги пишувам зборовите, тие само ги постираат за мене", објасни таа.