Адам Сендлер во придружба на Мајли Сајрус ја изведе песната “No Freedom”

Адам Сендлер во придружба на Мајли Сајрус ја изведе песната “No Freedom”

Честопати сме изненадени од талентот за музика на бројни актери и актерки, а овој пат популарниот комичар Адам Сендлер застана рамо до рамо со Мајли Сајрус и ја воодушеви публиката, свирејќи и пеејќи во мегапопуларната емисија на Џими Фалон – “The Tonight Show”.

Сендлер и Сајрус ја изведувале песната “No Freedom” која ја посветиле на жртвите од масовното пукање во Лас Вегас, во кое најмалку 59 лица го загубија својот живот, а повеќе од 500 се ранети.

“По сите трагедии и терористички дела, не смееме да заборавиме дека сè уште постои добро на овој свет”, изјавил водителот Фалон пред да ги најави Мајли и Адам.

Популарниот комичар ја свирел песната на гитара, пеејќи го секој рефрен со Мајли. Со оглед на тоа што покрај актерството, тој сака и да пее и свири, Сендлер често во филмовите знае да го покаже и својот талент за музика.