7 совети за нега и убавина на вашите нокти!

7 совети за нега и убавина на вашите нокти!

Природното е она што е најдобро и најубаво за нас, а старте дефинитивно го знаат тоа, па доказ за тоа се и овие неколку совети за нега на ноктите кои ги „украдовме“ токму од нив, нашите сакани и многу мудри баби.

2-7-soveti-za-nega-na-noktite-koi-gi-ukradovme-od-nashite-babi-www.kafepauza.mk_

1. Цврсти нокти со помош на лук

Ако сакате вашите нокти да бидат силни и здрави во тоа ќе ви помогне еден едноставен трик. Во шишенцето од омилениот лак за нокти иситнете малку лук. Лакот ќе ги впие неговите хранливи состојки и кога ќе го нанесувате, вашите нокти ќе станат многу посилни. Заради јакиот мирис на лакот, лукот нема да се забележува.

2. Маслиново масло за негувани нокти

Уште една кујнска намирница може да ви обезбеди силни и негувани нокти – маслиновото масло! Едноставно протријте го на ноктите, како и на заноктиците и набрзо ќе ги забележите резултатите. Истиот трик можете да го направите и со авокадо.

3. Маска против кршливи нокти

Вашите нокти никогаш повеќе нема да бидат кршливи доколку ја испробате оваа магична маска: измешајте малку маслиново масло, гел од алое вера и мед. Потопете ги вашите нокти во оваа смеса и гледајте како се создава магија.

1-7-soveti-za-nega-na-noktite-koi-gi-ukradovme-od-nashite-babi-www.kafepauza.mk_

4. Вазелин против сувата кожа и заноктиците

Доколку имате проблем со сува кожа и заноктици, само прашајте ја вашата баба. Таа ќе се заколне во вазелинот. А, неговата примена е едноставна, само нанесете го на „критичното“ место и верувајте ни, ќе добиете подобар ефект отколку која било хидратантна крема.

5. Пилингот е задолжителен

И на вашите нокти им е потребен пилинг! Пилингот, секако, можете да го примените и на целите дланки. Направете смеса од шеќер, маслиново масло и лимон и внимателно измасирајте ги рацете, прстите и ноктите. Откако ќе ја измиете смесата, нанесете ја омилената крема за раце. Мазно и совршено меко!

6. Гумени ракавици – спасителите на вашите нокти

На крај, клучниот совет кој мора уште сега да го примените. Секогаш, ама баш секогаш носете гумени ракавици кога ќе правите нешто во домот. На пример, кога ќе миете садови, кога ќе чистите… Така ќе ги заштитите не само вашите раце, туку и ноктите.