7 познати личности кои не конзумираат алкохол

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 18.03.2017 - 18:41

Секогаш на памет ни паѓаат раскошните журки на кои има многу алкохол. Покрај сите журки, афтер журки и собиранки, не е чудно што поголем дел од луѓе мислат дека ѕвездите се опиваат поголемиот дел од времето.

Меѓутоа, покрај гламурозните журки во Холивуд, одредени личности никогаш не конзумират алкохол, што е доста интересно.

Ова се некој од личностите за кој е познато дека (повеќе) не пијат:

 

Блејк Лајвли:

Глумицата изјави дека никогаш во животот не пробала капка алкохол. Таа повеќе ужива во дружењето со сопругот Рајан Рејнолдс.

 

Џим Кери:

Глумецот изјави дека "Животот е премногу убав за да пие или да се дрогира"

 

Еминем:

По успешната битка на лекувањето на зависноста од алкохол, пејачот е трезен веќе девет години.

 

Џенифер Лопез:

Пејачката објасни дека не кознумира алкохол поради тоа што алкохолот лошо влијае на нејзината кожа, што има смисла, со оглед на тоа дека таа денес изгледа како да има 20 години.

 

Ким Кардашијан:

Старлетата изјави дека е премногу зафатена за да би имала време да пие и поминува низ утрински мамурлук.

 

Натали Портман:

Со оглед на тоа дека во јавноста претставува изглед на складна, нескандалозна дама со стил, не чуди тоа што глумицата избегнува алкохол во повеќе пригоди.

Дејвид Бекам:

Одлично објаснување зашто бившиот фудбалер е секогаш во завидна и топ форма.