7 годишно девојче аплицирало за работа во Гугл, добила одговор

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 16.02.2017 - 13:39

Откако имала "сериозен" разговор со својот татко за нејзината кариера, седум годишната Клои Бриџвотер решила да го направи она што го направиле многу барачи на работа претходно, да им пише на Гугл.

Откако ја испратила својата верзија од апликацијата, која што била адресирана на "шефот на Гугл", таа чекала на одговор. И наместо да добие генеричка порака, таа добила личен одговор од извршниот директор на компанијата, Сандар Пичаи, само неколку денови подоцна.

Гугл ги потврди информациите дека имало размена на писма помеѓу нивниот директор и малото девојче до Хирфорд, Англија.

Во писмото, коешто не е класично одбивање, туку повеќе порака за поддршка, Пичаи пишува: "Едвај чекам да ја добијам твојата апликација за работа откако ќе го завршиш училиштето :)".

Сѐ започнало пред неколку недели, кога ученичката во прво одделение го прашала својот татко за неговата работа како продавач на делови за фрижидери, а потоа го прашала што друго би работел кога би имал шанса.

Тогаш тој и раскажал за Гугл, и ги покажал канцелариите каде има мрзливи фотелји, лизгалки, колички... и сите други кул работи поврзани со компанијата.

Кога Клои изјавила дека и таа сака да работи таму, татко и ја охрабрил да напише "апликација", а нејзиното писмо собра над 94.000 лајкови на Твитер.