6 работи кои треба да ги избегнувате пред спиење

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 14.11.2016 - 12:30

Квалитетниот сон е наједноставниот рецепт за квалитетен живот.


Следете ги овие совети доколку сакате убаво да се наспиете, односно избегнувајте ги овие 6 работи пред да си легнете:

1. Светло

Најмалку половина час пред спиење избегнувајте силно светло - причината лежи во хормонот на сонот, мелатонинот, кој помалку се лачи под дејство на силна светлина. Истото важи за бесконечното зјапање во екраните на мобилните телефони, ајподите или телевизорите.

2. Насилство

Да не се разбереме погрешно, мислиме на насилните содржини на телевизија или во филмовите, кои може да предизвикаат стрес и да си поиграат со вашите умови.

3. Вежбање

Експертите се сложни - не треба да вежбате најмалку два часа пред спиење. Освен можеби јога.

4. Кофеин

Навистина нема потреба од објаснување - правилото е најмалку осум часа пред спиење да не внесувате кофеин. Не попусто кафето е утрински пијалок.

5. Работа

Општо, трудете се работата да не ја носите дома, а камоли да ве окупира пред спиење. Ништо нема да решите, а стресот ќе го наруши вашиот сон беспотребно.

6. Топла бања

Топлата бања ќе ве опушти, но нема да ви помогне за подобар сон. Телесната температура природно се спушта пред спиење и за време на сонот, а топлата бања ќе ја покачи и ќе го збуни телото.