6 работи кои не смеете да ги правите ако сакате долга врска

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 04.01.2017 - 17:01

Најчесто на почетокот на врската секој чувствува "пеперутки во стомакот" и голема еуфорија, но само неколку грешки може да ја доведат врската до пропаст.

Експертите за врски нудат совети за она што не би требало да го правите доколку сакате да ја зачувате врската, како и да бидете среќни во неа.

1. Не брзајте! Поради заљубеноста паровите на почетокот сакаат да поминат што повеќе време заедно, но никако не смеете веднаш да се вселите заедно, бидејќи токму тоа може да доведе до крај. Поминете неколку ноќи со партнерот, а неколку вечери сами и не ги заборавајте пријателите.

2. Паровите на почетокот не ги гледаат мааните, туку само убавите страни, што прави сѐ да изгледа нереално. Морате да прифатите дека вашиот партнер не е совршен и дека нема секогаш да ви биде како на почетокот на врската.

3. Немојте да бидете посесивни, бидејќи тоа ја убива привлечноста. Тоа што сте во врска не значи дека треба да бидете заедно 24/7.

4. Не ги избегнувајте сериозните теми за разговор, бидејќи тоа ќе се одрази на врската подоцна. Немојте да го избегнувате разговорот за иднината, односно желбите кои ги имате и двајцата и ставовите за иднината. Не мора да ги наметнете сериозните теми уште на првиот состанок, но погрижете се подоцна да ги кажете вашите ставови за важните прашања, како "Дали сакаш да имаш деца?" и "Што планираш во животот?".

5. Не зборувајте за своите бивши постојано, бидејќи тоа може да и нанесе сериозна штета на вашата врска. Партнерот ќе помисли дека не сте ја преболеле таа врска, а може да влијае и на неговата самодоверба.

6. Немојте да лажете и разговарајте отворено за сѐ. Дури и малите лаги може да направат да се покаете подоцна, бидејќи ќе доколку излажете дека сакате да правите нешто, ќе треба да поминете години правејќи нешто што не сакате.