6 годишниот сноубордер ќе ве воодушеви со своите потези!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 16.02.2017 - 18:10

Кога ќе побарате на интернетот деца кои возат сноуборд, најчесто можете да пронајдете милиони клипови од дечиња кои учат да застанат на сноубордот или кои успеваат да возат во права линија. Но, тогаш го здогледувате Нико...

Нико има само шест години, а неговите вештини веќе ќе направат да се посомневате во вашето тврдење дека знаете да возите "даска".

Малиот генијалец во двоминутното видео ги покажува сите свои вештини на снегот, а неговиот талент е неоспорен.

Иако тој наскоро би требало да почне да оди на училиште, мислиме дека на сите им е јасно која ќе биде неговата идна кариера!