5 најпопуларни модели на патики за 2016 година!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 30.12.2016 - 11:31

Патиките и оваа година владееја со уличната мода и беа неизоставен дел од стилот на модните блогерки и на ѕвездите во Холивуд! Знаете ли кои модели на патики беа најпопуларни во изминатава година?

1. Gazelle

Култниот модел на Адидас од 90-те повторно се врати во едноставно и симпатично издание, и спои повеќе генерации во љубовта кон овој преубав ретро модел.

2. Yeezy

Без разлика на сите испади во личниот живот на Канје Вест, неговите Yeezy Boost модели на патики беа мега-популарни, а за следната сезона Канје најавува нови бои од овие патики.

3. ZX Flux W Core

Овој модел, повторно на брендот Адидас, беше најпопуларен на социјалната мрежа Пинтерест, а со оглед на тоа дека се произведоа во лимитиран број, нивната популарност стана уште поголема.

4. Roshe Two

Овој модел на компанијата Најк првично беше намемнет за тркачи, но за брзо време ги освои и улиците на најголемите светски метрополи. Убави  и удобни, Roshe Two беа избор на голем број  модни фанатици.

5. Creepers

Легендарниот Creepers модел на брендот Пума оваа година беше дизајниран од славната пејачка Ријана, која за овие преслатки ретро патики одбра материјал од кадифе, и црна, сива и бордо боја.