4 знаци дека размислувате со срцето наместо со главата!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 01.02.2017 - 19:47

Можеби романтичните комедии се виновни бидејќи не' учат дека секогаш е подобро да го следите срцето, затоа што во вистинскиот живот не е се' така розово...

Во реалноста, слепото следење на срцето најчесто е рецепт за вистинска катастрофа, и многу е помудро да го користите мозокот и искуството. Доколку постојано запаѓате во љубовни драми, ова се знаците кои покажуваат дека размислувате со срцето наместо да ја користите главата:

1. Одбивањето ве "убива"

Одбивањето за многу луѓе е болно, но доколку секое одбивање ве крши до степен да паднете во длабока депресија, голема е веројатноста дека не го користите доволно мозокот. Ова е опасно затоа што можете со години да останете навлечени на луѓе кои не ве сакаат и постојано ве повредуваат.

2. Заљубени сте во љубовта

Ова резултира со идеализирање на луѓето кои не го заслужуваат тоа. Луѓето кои размислуваат со срцето премногу се потпираат на сопствената идеја за љубовта, која не се темели на реалноста. Да не се разбереме погрешно - љубовта е прекрасна, но уште попрекрасна е кога ќе ја "посолите" со по некое зрно разум.

3. Брзо се заљубувате

Доколку сте подготвени некому да му кажете дека го сакате по само неколку недели врска, му допуштате на срцето да го замолчи разумот. Времето е пресудно за да видите дали некој вреди да биде во вашиот живот.

4. Оставате се' друго настрана

Доколку почнувате да ги игнорирате обврските, пријателите и семејството кога некој нов ќе се појави во вашиот живот, постои опасност буквално да го изгубите својот живот и сите работи кои ги сакате и за кои се борите. А што ако љубовта во која сте се колнеле не успее?