4 утрински навики поради кои не ги губите килограмите!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 06.02.2017 - 20:43

Доколку една од вашите новогодишни резолуции беше да изгубите некој килограм и да ја постигнете саканата тежина, а сеуште не успевате во тоа иако внимавате што јадете, време е да обратите внимание и на другите животни навики кои влијаат на вашата линија.


Науката вели дека утринските ритуали се клучни кога се работи за здравиот живот и здравиот метаболизам, па затоа внимавајте бидејќи овие утрински навики не ви помагаат во борбата со килограмите:

1. Предолго спиете

Кога премалку спиете се лачи хормонот на стресот наречен кортизол, кој го зголемува вашиот апетит. Но, и предолгото спиење не ѝ помага на вашата линија, а истражувањата покажуваат дека спиењето подолго од 10 часа во текот на една ноќ доведува до зголемување на индексот на телесната маса.

2. Се будите и се подготвувате во темница

Подигнете ги ролетните и тргнете ги завесите веднаш по будењето - зраците на утринското сонце го поттикнуваат здравото работење на метаболизмот и му помагаат на телото да се разбуди. И 20-30 минути поминати на дневна светлина значително придонесуваат во намалувањето на индексот на телесната маса.

3. Не го местите креветот

Можеби ќе ви звучи чудно, но истражувањата покажале дека луѓето кои секое утро си го местат креветот спијат подобро, а здравиот сон е неопходен и клучен за постигнување на посакуваната тежина.

4. Премалку јадете за време на појадокот

Не попусто важи правилото дека појадокот е најважниот оброк. Научниците инсистираат дека чаша сок не е доволно да ве држи до ручекот, и дека појадокот треба да содржи најмалку 600 калории за да можете да функционирате нормално и ефикасно, како и да го избалансирате метаболизмот.