4 работи кои не смеете да ги правите по раскинувањето!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 05.02.2017 - 19:56

Раскинувањето никогаш и за никого не е лесно, но тоа не значи дека треба самите дополнително да си го отежнуваме. Знаеме дека на моменти изгледа безнадежно, но верувајте ни - се' е минливо, а дотогаш главата горе и верувајте во подобро утре!

А за да дојдете побрзо до мирот и среќата кои сте ги изгубиле, ова се работите кои никако не смеете да ги правите по раскинувањето:

1. Веднаш да барате замена

Ова е донекаде и природна реакција на скршеното срце кое бара љубов, но не е многу паметно "да избивате клин со клин". Ви треба време да ви зараснат раните, а и не сте подготвени рационално да процените дали некој нов е добар за вас. Наместо тоа, осаменоста и скршеното срце излечете ги со пријатни мигови поминати со семејството или пријателите кои вистински ви посакуваат добро и сакаат да ви помогнат.

2. Самоуништување

Ако ви пропаднала врската, тоа не значи дека треба да ви пропадне и животот. Опивањето, прејадувањето, занемарувањето на работните и социјалните обврски само ќе ви ја продолжат агонијата и ќе ви направат дополнителни проблеми во животот.

3. Изолација

И да не ви се зборува со никого, и да сакате да се сокриете од светот и да ве снема од што ви е тешко, не го правете тоа. Не бегајте од блиските кои се грижат за вас и искрено ви посакуваат добро и разговарајте со нив. Од каде знаете, можеби надежта за новото утре и желбата за борба случајно ќе ви ја врати бабата на која не сте ѝ се обратиле со месеци!

4. Јавно самосожалување

Кукањето на социјалните медиуми нема да ви помогне на вас, туку само ќе им приреди забава на другите.