4 карактеристики на луѓето кои изневеруваат

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 31.01.2017 - 16:24

Изневерувањето на партнерите често е тема на многу истражувања, а неодамна беше докажано дека некои луѓе едноставно не можат да се воздржат, а да не го изневерат својот партнер. Овој момент научниците го препишуваат на одредени вродени карактеристики.

Со други зборови, науката тврди дека постојат одредени навики во однесувањето според кои можете да ги препознаете партнерите кои се склони на изневерување.

1. Премногу ризикуваат

Луѓето кои често ризикуваат се склони на драми, а посебно ги возбудува фактот дека можат да бидат откриени во своето неверство. Таквите личности уживаат во бурниот љубовен живот, па многу ретко се помируваат со стабилен однос во врската.

2. Постојано се жалат

На таквите личности баш ништо во животот не им е погодено, па се подготвени на секој партнер да му пронајдат некоја маана. Нивното барање на "игла во сено" често ги доведува до хронична несреќа во врската во која се наоѓаат, па често тргнуваат во потрага по нешто "подобро". Но, дури и да најдат повторно нема да бидат до крај задоволни и со тој однос.

3. Задржување на проблемите во себе

Луѓето кои не можат искрено и отворено да разговараат со партнерот за своите проблеми често се многу несреќни во врската. Поради тоа често се чувствуваат осамено, поради што бараат среќа на страна. Мажите најчесто изневеруваат поради сексуално задоволство, додека жените сакаат да се чувствуваат посакувано и сакано.

4. Бели лаги

Тоа се сите оние мали лаги кои му ги кажувате на партнерот, само за тој да биде задоволен и за да ги избегнете тешките теми на разговор и конфликтите. Едно истражување откри дека луѓето кои користат бели лаги, често проверуваат каде е границата до која што може да одат во лажењето на партнерот, па се склони на неверство.