30 дневен третман за чистење на организмот!

30 дневен третман за чистење на организмот!

Сркојдневниот современ живот повлекува со себе многу нездрав начин на исхрана, премногу алкохол, цигари и никаква физички активности кои организмот го доведуваат до пропаѓање, помала енерија и губење на младоликост како и вишок масти во организмот.

Со брзото темпо на живот се конзумира брза храна и не размислуваме за тоа што внесуваме во нашиот организам, но мораме да бидеме подготвени за последиците од таквиот режим. Штетните отрови во нашиот организам можат да го расипат нормалното функционирање на организмот.

За да се вратите во нормала, морате да ги искорените претходните навики, така што ќе го исчистите организмот со природни лекови и смеси, а еден од начините за тоа е многу ефтин и станува збор за чистење на организмот со помош на ориз.

Рецепт:

– Купете органски ориз, па избројте лажици исто колку што имате години

– Добро измијте го и ставете го во голема тегла

– Во теглата со ориз ставете топла вода, затворете ја и оставете ја да отстои цела ноќ во фрижидер

– Наутро исцедете ја водата и земете една лажица ориз

– Лажицата со ориз згответе ја во друга обична вода, па изедете го на празен стомак наутро во 07.00 часот

– Оваа постапка повторувајте ја сè додека има ориз во теглата, секое утро

Откако ќе го изедете оризот, не треба да јадете и пиете наредните три часови. Потоа не заборавајте да пиете многу течности, како вода и природни чаеви.

Оваа метода ќе Ви помогне да ги прочистите цревата од токсините. Исто така, овој третман добро влијае на регулирањето на работата на метаболизмот и за губење на вишокот килограми.

Придобивките ќе ги погледнете после две недели, а ќе забележите дека бојата на урината ќе се промени.