3 начини на кои можете да спречите неверство

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 09.11.2016 - 13:39

Неверството за многу луѓе е најлошата работа што може да се случи во една врска, а и многу од тие што биле изневерени никогаш не успеале целосно да закрепнат.

Да не се лажеме, понекогаш е невозможно да се спречи неверството, колку и да сме убави, добри, паметни и посветени на партнерот. Некои луѓе едноставно не се моногамни.

Овие совети се наменети за луѓето што вредат, а и да не успеат ќе знаете дека барем сте се обиделе. :)

1. Освестете се дека сите сме способни за неверство

Никогаш не велете никогаш, и бидете свесни дека и покрај вашите цврсти убедувања, не знаете утре во каква ситуација ќе ве стави животот. Можеби вие ќе бидете тој/таа што ќе изневери. Немојте да живеете во константен страв дека ќе бидете изневерени - шансите се буквално 50-50.

2. Погрижете се за овие четири работи

Внимание, нежност, благодарност и поддршка. Најчесто неверствата се случуваат поради недостаток на овие работи во врската.

3. Внимавајте на своето однесување

Искрен разговор со партнерот и еднаков третман. Наместо постојано да барате знаци на неверство кај партнерот, а во исто време ги игнорирате кај себе, потрудете се со пример да му покажете што е достоинствено однесување.