3 брзи и едноставни идеи за Денот на Вљубените

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 13.02.2017 - 20:30

Добро, добро, знаеме дека денес е и Свети Трифун, но веруваме дека секоја причина и повод да се слави љубовта е позитивен пример!

Денес е Денот на Вљубените, а доколку се разбудивте неподготвени да го прославите со вашиот партнер, еве неколку интересни и романтични идеи кои се едноставни за изведување, а не ви одземаат ниту многу време, ниту многу пари:

1. 50 причини зошто те сакам

Ако имате инспирација, можат да бидат и 100 причини. Се' што ви треба е хартија, пенкало и тегла во која ќе ја соберете вашата љубов.

2. Пораки на огледало

Слично е на првата идеја, само што саканиот/ата ќе ги здогледа веднаш откако ќе се разбуди од спиење.

3. Балони со фотографии

Купете балони и на нив закачете ги вашите омилени заеднички фотографии кои и онака дремат во некоја фиока. Ќе се потсетите на убавите моменти поминати заедно, а на балоните со фломастер можете да испишете по некоја романтична порака. :)