23 магични фотографии од почетоците на Дизни

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 14.02.2017 - 19:22

Денес името Дизни е познато за сите деца и возрасни ширум светот, а тематските забавни паркови секојдневно примаат по илјадници гости.

Но, доколку сакате да погледнете како изгледале почетоците на Волт Дизни и неговата компанија посветена на остварување на соништата, тогаш погледнете ги овие ретки фотографии кои беа објавени на "Getty".

Волт црта на својата работна маса, 1-ви јануари, 1930 година.


Лондончани собрани пред екранот на кој се прикажува цртанот за Мики Маус, 26-ти февруари, 1931 година.


Волт Дизни прави скици од срни, 1938 година.


Волт пробува да истренира пингвин да направи шоу за камерата, за краткиот филм "Peculiar Penguins", 1934 година.


Група музичари го снимаат саундракот за Мики Маус, во јули, 1932 година.


Волт заедно со својата сопруга Лилијан позираат со Оскар, 1935 година.


Дизни ги гледа нотите со актерот Еди Нелсон, околу 1940 година.


(лево) Аниматор во компанијата "Walt Disney Studios" во Калифорнија прави гримаси во огледало за да го нацрта својот карактер, 1946. (десно) Американскиот актер и пејач Клиф Едвардс го снима гласот на Тимоти Маус, за анимираниот филм "Dumbo", 1946 година.


Волт пуши цигара додека работи на музиката за "Fantasia", 1939 година.


Насобраната толпа пред киното во Рио де Жанеиро каде се прикажува "Fantasia", 1941 година.


Дизни на плажата Копакабана снима со 8mm камера, 1941 година.


Аниматорката и уметничка Мери Блер и нејзиниот сопруг Ли Блер цртаат нацрти од растенијата во Бразил, 1941 година.


Волт Дизни со неколку од своите аниматори, околу 1950 година.


Покажување на ефекти како летање во студиото во Калифорнија, 1955 година.


Волт Дизни (најдесно) слуша објаснување за нацртите за "Заспаната убавица" во 1955 година.


Уметници во студиото, во 1955 година.


Волт Дизни позира пред сцена од неговиот препознатлив цртан Мики Маус, 1955 година.


Музичари пробуваат песна во септември 1953 година.


Дизни со своите Оскари за "The Vanishing Prairie", 30-ти март, 1955 година.


Волт Дизни стои пред планот за Дизниленд паркот, 1954 година.


Со оставање на трага од шепата, териерот Боби потпишува договор со компанијата Дизни во 1960 година.


Волт Дизни седи на тревник во Дизниленд, Калифорнија, со својот внук во 1955 година.