15 години на пилешко

[27.01.2012 - 12:02 часот]

Седумнаесет годишната Британка Стејси Ирвин, 15 години непрекинато јаде исклучиво пилешки парчиња, а згрозените лекари ја предупредиле дека таквата прехрана ќе ја убие. Откако наполнила две години таа јаде само пилешко, а омилени и се оброците од Мек Доналдс.

Стејси никогаш во животот не изела некакво овошје или зеленчук и лекарите и дијагностицирале анемија и потечени крвни садови, по што итно била превезена во болница.

Бидејќи завршила во болница заради неможноста за земање воздух, Стејси била приклучена на инфузија со витамини.

И покрај тоа што докторите ја предупредиле дек брзата храна ќе ја убие, Стејси вели дека не може да им оддолее на пилешките оброци.

"Сфаќам дека тоа е лошо за мене, но не можам да престанам така да се хранам. Најмногу сакам кога имам изедено 20-тина пилешки парчиња со моето момче. Го сакам Мек Доналдс и "KFC"", изјавила Стејси, пренесува британскиот таблоид "The Sun".

Мајката на Стејси - Евон, вели дека нејзиното срце се крши кога гледа како се храни нејзината ќерка. Меѓутоа, признава дека и таа ја одвела Стејси кога имала само две години на првиот оброк со пилешки крокети.

Евон признала дека одамна се откажала од Стејси бидејќи неколку пати неуспешно се обидела да ја изгладне за да ја натера да јаде овошје или нешто готвено.

[назад]
Радио МОФ