10те најбрзите SUV модели на светот

10те најбрзите SUV модели на светот

На пазарот се појавуваат сè повеќе SUV модели со карактеристики на суперспортски автомобили иако во почетокот не беа замислени како возила со фантастични перформанси во поглед на брзината.

SUV возилата доживеаја неверојатна експанзија во 21-от век, а актуелните трендови во автомобилската индустрија укажуваат дека побарувачката за овој вид на возило ќе расте и во иднина.

Речиси и да нема произведувач на автомобили во светот кој во својата гама нема барем еден SUV, а на искушението додатно да заработат на нив не одолеаја ниту брендовите како Bentley или Lamborghini.

Конкуренцијата е голема и во самиот врв на понудата, каде се наоѓаат модели со високи перформанси кои некогаш биле резервирани исклучиво за суперспортските автомобили.

Веб-страната “Motor1” направи листа од 10 најстартни SUV модели на пазарот на основа на забрзување од 0 до 100 км/ч, а на прво место е едно возило со електричен погон.

10. Mercedes-AMG GLA 45: 0-100 км/ч за 4.4 секунди

8-9. Mercedes-AMG GLE 63 S Coupe: 0-100 км/ч за 4.2 секунди

8-9. BMW X6 M: 0-100 км/ч за 4.2 секунди

7. Porsche Cayenne Turbo: 0-100 км/ч за 4.1 секунди

6. Bentley Bentayga: 0-100 км/ч за 4.0 секунди

4-5. Brabus GLE Coupe 850: 0-100 км/ч за 3.8 секунди

4-5. Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio: 0-100 км/ч за 3.8 секунди

3. Lamborghini Urus: 0-100 км/ч за 3.6 секунди

2. Jeep Grand Cherokee Trackhawk: 0-100 км/ч за 3.4 секунди

1. Tesla Model X: 0-100 км/ч за 3.2 секунди