10 работи кои само сопствениците на мачки ќе ги разберат

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 24.12.2016 - 20:29

Мачките се прекрасни домашни миленици кои ги разубавуваат нашите денови, но кога ќе дојдат на ред празниците, тие знаат да бидат вистински мали "сатани", па периодот на славење најчесто завршува со по неколку скршени лампиони во најмала рака...

Погледнете ја оваа пресмешна листа на 10 работи кои само сопствениците на мачки ќе ги разберат.

Во секој случај, мачките се одлични пријателчиња и многу ги сакаме, а оваа листа е тука само за да нѐ насмее!

1. Украсувањето на новогодишната елка е возбудливо за сите мачки.

2. А, дури и кога не се качуваат по елката, тие секогаш чекаат и се подготвени за овој предизвик.


3. Мачките се познати по тоа што спијат на најневообичаените места, па зошто хартијата за завиткување на подароци би била нешто поразлична?


4. Но, кога ќе се случи ова, едноставно треба нив да ги завиткате во неа...

5. Знаете дека и мачките заслужуваат новогодишна вечера, а вие радо сте подготвени да им удоволите.


6. Трошите повеќе за подароци за вашата мачка, отколку за некои од вашите роднини.


7. Лампионите никогаш не издржуваат повеќе од еден ден, па на крај едноставно се откажувате од купување од фенси стаклените лампиони.


8. Се чувствувате виновно ако ја оставите вашата мачка сама кога мора да одите кај роднините на неколку дена.


9. Обожавате кога ќе им одберете новогодишна облека, а потоа правите илјадници фотки.


10. Го вклучувате и нивното име на честитките, затоа што и тие се дел од вашето семејство.