10 причини зошто треба да се будите порано

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 10.01.2017 - 03:00

Знаеме дека во овие студени денови тешко се одделувате од креветот, но има нешто добро и во тоа да бидете ранобудни.

Иако поголемиот дел од луѓето се сметаат за "ноќни птици", сепак доколку решите да ја промените секојдневната рутина и се обидете да станувате порано, може да добиете многу бенефити. Еве само некои од нив...

1. Ќе го поздравите убавиот ден

Нема ништо поубаво од тоа да се разбудите рано и да го поздравите новиот убав ден кој ви претстои. Дури, можете да го започнете секое утро со тоа што ќе си кажете некоја убава мисла.

"Секој ден кога ќе се разбудите, помислете си - 'денес сум среќен што се разбудив, што сум жив, имам прекрасен живот и нема да го потрошам. Ќе ја искористам целата моја енергија за да се развивам себе си, да го отворам моето срце кон другите, да доживеам просветлување, да имам позитивни мисли кон сите и да не бидам гневен кон другите'", рекол Далај Лама за своите утра.

2. Одличен старт на денот

Доколку го започнете денот со нагло станување и брзање поради тоа што доцните на работа, нема да имате добар старт. Затоа, кога се будите рано имате време за утрински ритуал, па можете да го започнете денот подготвени.

3. Малку тивко време за себе

Кога се будите рано, особено ако живеете со некого или имате деца, можете да доживеете малку мирно време - без врева од деца, без телевизор или автомобили... едноставно тивко време поминати со себе си.

4. Изгрејсонце

Доколку се будите доцна секој ден, го пропуштате еден од најубавите феномени на природата - изгрејсонцето. Тоа е време кога извонредни бои го бојат небото, со што се наговестува новиот ден.

5. Појадок

Често кога доцните или немате време да појадувате, или јадете нешто на брзинка. Доколку се будите малку порано, ќе имате време да си направите здрав и хранлив појадок, а нели сите знаеме - ова е најважниот оброк во денот. Па, не губете време во спиење и  започнете го денот со вкусен појадок.

6. Време за вежбање

Вежбањето после работа може да биде навистина напорно. Вашето тело тогаш е истрошено од напорниот ден, а често го користите тоа за да го прескокнете дневното вежбање. Наместо тоа, станете рано и започнете го денот со вежбање. Ќе видите дека тоа ќе ви даде енергија за целиот ден.

7. Продуктивност

Утрата се најпродуктивниот дел од денот. Доколку ги завршите поголемите обврски порано во денот, потоа ќе ви остане време за ситниците и за другите работи во кои уживате, како кафе со пријателите.

8. Време за ревидирање на целите

Немате цели? Тогаш треба да ги направите. Утрата се одлично време за прегледување на вашите цели и планирање на задачите како да стигнете до нивно остварување. Секоја недела, обидете се да си зададете барем една цел која сакате да ја остварите.

9. Возење без метеж

Никој не сака да заглави во сообраќаен метеж уште на почетокот на работниот ден, а доколку станувате порано ќе ги избегнете гужвите и ќе пристигнете на време на работа.

10. Состаноци

Многу е полесно да стигнете на време на сите важни состаноци доколку станувате порано. Доцнењето на состаноци е лош сигнал за луѓето со кои се среќавате. Доаѓањето порано ќе ги импресионира, а и ќе ви даде доволно време да се подготвите.