10 најелегантни места во светот

10 најелегантни места во светот

Заландо ја претстави листата на 80 најелегантни градови во светот, составена од љубители на архитектурата, уметноста и модата.

Градовите се рангираат врз основа на бројни фактори, како што се модната сцена, важноста на културата и архитектурата, туристичките желби и пристапноста на “елегантен” начин на живот.

Истражувањето беше спроведено од модната продавница Заландо, која ангажирала 5.000 архитекти и модни експерти.

Вкупно 400 градови, познати по нивната модна сцена и културно и историско значење, беа оценети.

За најелегантен град во светот беше прогласен Париз, по што следеа Лондон, Виена, Венеција, Фиренца, Барселона, Њујорк, Бордо, Милано и Рим.