10 фитнес девојки кои вреди да ги следите на Инстаграм

10 фитнес девојки кои вреди да ги следите на Инстаграм

Од балерини до јога-инструкторки, овие девојки се вистинска фитнес-инспирација и со своите презгодни тела ќе ве натераат да го засакате вежбањето!

Погледнете ги 10-те фитнес девојки кои вреди да ги следите на Инстаграм:

1. @amandabisk

Аманда Биск е фит-Австаралијанка и поранешна танчерка на шипка која подоцна се посвети на јогата, а нејзиниот фокус се истегнување, здравје и тонирање на телото.

2. @hannahbronfman

Хана Бронфман е забавна диџејка и фитнес инструкторка.

3. @kayla_itsines

Кејла Итсинес е одличен тренер доколку сакате да го постигнете вашето идеалнo бикини-тело.

4. @kaisafit

Каиса Керанен и нејзините видеа се одлични за почетници.

5. @emilyskyefit

Емили Скај е основач на F.I.T. (Fitness Inspiration Transformation) програмата, која вклучува фитнес вежби и режим на исхрана.

6. @nude_yogagirl

Анонимен Инстаграм профил на кој гола девојка прикажува неверојатни јога пози.

7. @jenselter

Џен Селтер важи за сопственичката на најдобриот задник на Инстаграм, а токму вежбите за задникот се нејзина специјалност.

8. @basebodybabes

Овие две Австралијанки се забавно фитнес дуо кое ќе ве инспирира да вежбате секојдневно.

9. @fitnessontoast

Феја е фитнес-блогерка од Шведска која покрај инспиративните вежби, секојдневно споделува и вкусни здрави рецепти.

10. @massy.arias

Аријас е личен тренер и има речиси 2 милиони следбеници на Инстаграм, а позната е по напорните фитнес-предизвици кои ги задава.