10 фасцинантни природни чуда

Објавено: 03.07.2012 - 23:02

Прочитајте и дознајте повеќе за десетте помалку познати чуда на природата за кои веројатно не сте слушнале, а кои навистина оставаат без здив.

Вратата од пеколот во Туркменистан

Дупка со дијаметар од шеесетина метри, длабока 20 метри, настаната со рушење на земјиштето во предел богат со плин во текот на пробните бушења во 1971 година.

Од дупката почнале да истекуваат големи количини на метан, а со оглед на тоа што тоа е опасен и моќен плин, инженерите одлучиле да го запалат.

Тие се надевале дека метанот набрзо ќе исчезне, а огнот сам ќе се изгасне, меѓутоа, кратерот и понатаму испушта плин со неверојатна жештина се до денес.

Тесниот кањон на југозападот од САД

Кањоните сместени на југозападот од САД се протегаат низ сојузните држави Јута и Аризона.

Некои од нив се толку тесни што одвај човек може да помине низ нив.

Националниот парк "Tsingy de Bemaraha" на Мадагаскар

Ова е еден од новите национални паркови на Мадагаскар, кој за јавноста беше отворен во 1998 година.

Специфичен е по своите остри шилци од вар кој достигнуваат висина и до педесетина метри.

Коралниот гребен Белизе

Вториот по ред најголем корален гребен на светот е долг околу 300 километри.

Вулканот "Yellowstone"

Вулканската купа во Националниот парк "Yellowstone" е сместена во северозападниот дел на Вајоминг.

Годишно, овој регион го погодуваат помеѓу 1,000 и 2,000 потреси.

Националниот парк "Wulingyuan" во Кина

Во овој неверојатен регион доминираат стрмните врвови, а некои се повисоки и од 200 метри.

Помеѓу нив се наоѓаат и тунели, потоци и кањони.

Пустината Намиб во Намибија

Пустината Намиб се смета за најстара пустина во светот, а сместена е во југозападна Африка.

"Salar de Uyuni" во Боливија

Најголемото солено езеро во светот се наоѓа во југозападна Боливија.

Езерото има површина околу 10,000 квадратни километри, а истото е прикриено со неколку метри дебел слој од соли.

Окото на Сахара во Мавританија

За Окото на Сахара се веруваше дека е настанато со удар од метеор или од одамна згаснат вулкан.

Денес геолозите веруваат дека прстенестиот облик е продукт на издигнувања и ерозија. Овој геолошки феномен во Мавританија во југозападна Сахара има дијаметар од 48 километри.

Архипелагот Сокотра во Јемен

Архипелагот се наоѓа во Индискиот океан, а поради богатата флора и фауна, Сокотра е под заштита на УНЕСКО од 2008 година.