„ProteinLab“ - нова специјализирана продавница за спортски суплементи

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 05.04.2017 - 11:50

На 8ми април Скопје ќе добие нова продавница, специјализирана за додатоци во спортската исхрана.


На полиците на „ProteinLab“ ќе може да се најде широка палета на производи од брендовите кои се веќе докажани на глобалниот пазар на суплементи со својот исклучителен квалитет и состав - Scitec Nutrition, FullForce Nutrition и PharmaFirst Nutrition. Покрај суплементите, ова фитнес катче ќе понуди и вкусни протеински smoothie шејкови.

„Нашата цел е да овозможиме здрава и спортска исхрана и да ги поттикнеме луѓето да се приклучат на фит животниот стил кој ние го водиме, затоа што знаеме од лично искуство колку бенефити носи тој. Спортистите и фитнес ентузијастите веќе добро ја знаат улогата на суплементите во водењето на физички активен живот, но ние сакаме здравите, протеински оброци да бидат достапни за сите. Затоа одлучивме да понудиме и smoothie шејкови кои се одличен избор за појадок, ужина или пак оброк кој ја враќа енергијата по спортските активности.“ – објаснуваат од менаџментот.

Вратите на „ProteinLab“ ќе се отворат на 8-ми април во 11 часот, во кулата на Горење на булеварот Партизански Одреди до Skopje City Mall. Гостите ќе ги пречека познатиот хип-хоп диџеј Гоце со свој музички сет, тимот на Red Bull со енергетски пијалоци без шеќер, а домаќините со специјални попусти, подароци и понуди кои ќе важат само на денот на отворањето. Настанот е од отворен тип, а повеќе детали можат да се најдат на официјалната фејсбук страница и на официјалниот евент.